Комплетирано третото коло од Лигата на шампионите

Без изненадување минаа дуелите кои беа одиграни синоќа од третото коло од Лигата на шампионите

Без изненадување минаа дуелите кои беа одиграни синоќа од третото коло од Лигата на шампионите. Убедливи победи постигнаа: Ливерпул, Челзи, Баерн, додека Реал Мадрид минимално со 1:0 го совлада Јувентус.

Резултати на синоќа одиграни дуелите: Атлетик Билбао – Карабах 3:1, Галатасарај – Бодо/Глимит 3:1, Аталанта – Славија Прага 0:0, Баерн – Бриж 4:0, Челзи – Ајакс 5:1, Ајнтрахт – Ливерпул 1:5, Монако – Тотенхем 0:0, Реал Мадрид – Јувентус 1:0 и Спортинг – Олимпик Марсеј 2:1.

На чело на табелата по трите кола со максимален учинок од девет бодови се пет екипи: ПСЖ, Баерн, Интер, Арсенал и Реал Мадрид.