Комплетирани полуфиналните пресметки на Светското клупско првенство

Фудбалерите на Реал Мадрид се последните полуфиналистите на Светското клупско првенство кое се одржува во САД, откако синоќа во четвртфиналето во Њу Џерси во драматична завршница триумфираа над Борусија Дортмунд со 3-2.

Головите за Реал ги постигнаа Гонзало Гарсија во 10 минута, Фран Гарсија (20) и Мбапе (90+4), додека стрелци за Борусија беа Беер (90+3) и Гираси (90+8, од пенал).

Противник на Реал во полуфиналето ќе биде европскиот првак ПСЖ, кој претходно во четвртфиналето го елиминираше минхенски Баерн со 2-0, со головите на Дуе и Дембеле.

Пресметката меѓу Реал и ПСЖ е закажана за в среда од 21 часот, а ден претходни во истиот термин за пласман во финалето ќе играат Флуминенсе и Челзи.