Компанијата Зегин се стекна со уште едно признание за општествено одговорна компанија

Kомпанијата Зегин го доби признанието за компанија со една од најдобрите општествено одговорни практики, преку проектот „Партнерство за донирање“ кој е поддржан од УСАИД, а имплементиран од Американската стопанска комора.

Во рамки на 24-тото генерално собрание на Американската комора кое се одржа изминатава недела, се доделија признанија за најдобрите практики на општествена одговорност (CSR) на компаниите-членки.

Kомпанијата Зегин го доби признанието за компанија со една од најдобрите општествено одговорни практики, преку проектот „Партнерство за донирање“ кој е поддржан од УСАИД, а имплементиран од Американската стопанска комора.

Признанието се однесува на хуманитарната трка „Зегин Спектратон- трка на херои во сите бои“ како дел од кампањата за подигнување на свесноста за лицата со аутизам која е во фокусот на Зегин за оваа година.

Преку хуманитарната трка, но и со дополнителна донација од Фондацијата Д-р Верица Механџиска беа собрани средства со кои започна реконструкцијата на првиот регионален социјален клуб за адолесценти со аутизам.

Со оваа кампања компанијата Зегин заедно со Фондацијата Д-р Верица Механџиска ја отвора шансата за подигнување на свеста, за едуцирање и за потсетување на општеството дека аутизмот не е ограничување, туку различен начин на постоење. Кампањата е упатување на повик за сочувство, за вклучување и за препознавање на сјајот во она што може да изгледа како хаос.