Компаниите во еврозоната очекуваат платите да се зголемат за 3,3 отсто во текот на следната година
Компаниите во еврозоната очекуваат платите на работниците да пораснат за 3,3 отсто во следните 12 месеци, покажа денеска објавеното истражување на Европската централна банка (ЕЦБ).
Процентот е помал во споредба со претходното истражување од пред три месеци, кога компаниите очекуваа раст на платите од 3,8 отсто во еврозоната.
Компаниите исто така ги намалија очекувањата за раст на продажните цени во следните 12 месеци и сега веруваат дека тие ќе се зголемат за три отсто, додека пред три месеци очекуваа цените да се зголемат за 3,3 отсто.