Комичарот Џими Кимел по четврти пат ќе биде домаќин на Оскарите

Комичарот Џими Кимел по четврти пат ќе биде домаќин на Оскарите, објавија организаторите на најпрестижната церемонија во Холивуд.

„Отсекогаш сонував да бидам домаќин на Оскарите четири пати“, се пошегува во изјавата 56-годишниот актер и водител на американскатаемисија „Jimmy Kimmel Live!“

Следното 96-то доделување на Оскарите ќе се одржи на 10-ти март 2024 година.

„Џими се етаблираше како еден од најголемите водители на Оскар на сите времиња благодарение на неговиот совршен спој на добрина и хумор“, ја поздравија веста извршните продуценти Раџ Капур и Кети Мулан.

Кимел беше домаќин на наградата во 2017, 2018 и 2023 година.

Оскарите веќе неколку години немаат добра гледаност, а еден од начините да се врати гледаноста на преносот на церемонијата во златното доба кога го гледаа 50 милиони гледачи е да се избере познато лице како Кимел.

Овојпат доделувањето на престижната филмска награда ќе се одржи во време кога Холивуд закрепнува по шестмесечната парализа поради штрајкот на сценаристите и актерите.

Штрајкот, каков што не е забележан од 1960 година, поттикна големи тензии меѓу филмските студија и работниците во индустријата потресена од стриминг платформите и вештачка интелигенција.