Комисијата за култура и туризам до крајот на годинава ќе прима предлози за одбележување јубилеи во 2026
До 31 декември 2025 државните органи, јавни служби, научни институции, општини, здруженија на граѓани и други заинтересирани субјекти треба до собраниската Комисија и култура и туризам да достават предлози за одбележување јубилејни годишнини на значајни настани и истакнати личности во 2026 година.

Членовите на Комисијата денеска на седница ја задолжија собраниската служба да прати писмено барање до засегнатите институции за тие да пратат предлози што би влегле во Предлог-програмата за јубилеи за наредната година.
На седницата посветена на техничките детали за подготовка на Предлог-програмата за 2026 беше утврден и составот на работната група која ќе ги разгледува и ќе одлучува по пристигнатите предлози.

Во неа ќе членуваат девет пратеници: Велика Стојкова-Серафимовска, Павле Арсоски, Дијана Тоска, Сања Лукаревска, Драган Недељковиќ, Бејџан Иљаз, Бисера Костадиновска-Стојчевска, Сали Мурати и Ваљбона Адили.
Пратеничката Велика Стојкова-Серафимовска – назначена од претседателката на оваа Комисија, Саранда Имери Стафаи, денеска да ја води седницата, рече дека очекува членовите на Комисијата да бидат конструктивни во подготовката исто како што биле, рече, и за програмата за 2025.
-Сигурна сум дека и за 2026-та ќе се согласиме и дека ќе бидат почитувани критериумите за јубилеи и значајност на настани и личности кои треба да имаат придонес во развојот на државата, затоа што оваа програма ја подготвуваме заради зачувување на државната меморија, рече Стојкова-Серафимовска.