Комисијата за заштита од дискриминација ќе го тужи МОН поради немањето учебници

Учениците кои посетуваат настава во задолжителното деветгодишно образование, немаат од каде да учат – од 123 потребни учебниците по секој предмет и на сите јазици на кои се изведува наставата, на први септември недостасуваа 46 учебници, што е една третина од вкупниот број учебници. Поради ова Комисијата за спречување и заштита од дискриминација деновиве ќе поднесе тужба за заштита од дискриминација од јавен интерес против Министерството за образование и наука.

„Нивен интерес е да добиваат квалитетно образобание, а тоа значи учебник по секој наставен предмет во секое одделение и на секој јазик во кој се одвива наставата.Tужена ќе биде државата односно Министерството за образование и наука” – вели Весна Бендевска, член на КСЗД

Иако комисијата во јуни годинава упати препорака до МОН да обезбеди учебници по сите наставни предмети и на сите наставни јазици најдоцна до 31 август и да достави писмен извештај,тоа не се случи. Врз основа на списокот со податоци што на нејзино барање бил доставен од МОН, на почетокот на учебната година,книги имаа само учениците во прво и второ одделение.

„Во случај кога не постои учебник како основно сретство за изведување на наставно образовен процес што е должна државата да го обезбеди,се наоѓа вo ситуација да не добива нема еднаков пристап до квалитетно образование во споредба со учениците кои го имаат учебниците” – вели Бендевска.

Од Комисијата за спречување и заштита од дискриминација посочуваат дека недостаток на учебници и бесплатен превоз на студентите и средношколците има и во приватни гимназии и факултети за разлика од оние што се школуваат во државните образовни институции.

Се работи за сензитивен спор во кој комисијата ќе треба да го докаже и да ги поднесе сите факти и свои наоди со кои располага,а висина на прекршокот ќе го утврдува понатака судот во граѓанска постапка.

Одлуката е донесена поради повреда на правото на еднаков пристап до квалитетно образование на поголема група ученици од основното образование, појаснува Бендевска.