Комисијата за заразни болести утре ќе разгледува нови рестрикции за невакцинираните
На утрешниот состанок на Комисијата за заразни болести ќе се разгледуваат нови евентуални рестрикции за невакцинираните. Ова денеска го најави министерот за здравство Венко Филипче.
„Болничкиот систем сега најмногу го оптоваруваат невакцинираните пациенти. Тоа дефинитивно не смееме да го толерираме понатаму. Доаѓа зимска сезона и време на настинки и други пациенти ќе го оптоваруваат дополнително болничкиот систем. Во услови кога има доволно вакцини, апсолутно не е дозволиво граѓаните да не се вакцинираат. Со вакцинирањето не само што водат сметка за своето здравје, туку и за здравствениот систем. Ние не можеме бесконечно долго да оставиме вака да биде преоптоварен здравтвениот систем“ – рече Филипче.
Министерот рече и дека собираат слични искуства од земјите во регионот.