Комеморацијата во чест на починатата актерка Снежана Стамеска ќе се одржи денеска во 12 часот во фоајето на Драмски театар.
Стамеска беше првенка на Драмски театар Скопје и една од ведетите на македонското глумиште.
Дипломирала на Театарската академија во Белград во 1970.
Од нејзиното вработување во 1971 до пензионирањето во 2010 Стамеска беше член на ансамблот на Драмски театар Скопје. Низ исклучително плодната актерска кариера одиграла преку седумдесет улоги во матичниот театар и на сцените на неколку други македонски театарски куќи.
Таа реализираше многу значајни телевизиски и филмски улоги.
Исклучителната популарност Снежана Стамеска ја стекна во осумдесетите и деведесетите години кога публиката ја засака во улогите на Пандора во Солунски патрдии (1979), Вера во Диво месо (1979), Шина во телевизиската серија Трст виа Скопје (1987), Вера во Среќна Нова ’49 (1985).