Полицијата извести дека полициски службеници, вршејќи задачи за спречување илегален влез во Хрватска, утринава околу 03.05 часот забележале натоварено комбе со швајцарски регистрации.
Четиринаесет лица, меѓу кои седум деца, се повредени рано утринава при слетување на комбе со швајцарски ознаки од патот меѓу Славонски Брод и Нова Градишка додека полицијата се обидувала да го спречи, а според неофицијални податоци, се работи за мигранти.
Според итната помош и полицијата се дознава дека во сообраќајката се повредени 14 лица, меѓу кои 7 деца.
Полицајците забележале видно натоварено комбе со швајцарска регистрација, кое се обиделе да го запрат со помош на активирани светлосни и звучни сигнали за контролни цели. Меѓутоа, возачот не ги послушал наредбите на полицијата и продолжил да вози, зголемувајќи ја брзината.
По една до две минути полициските службеници пристигнале на Малино и забележале дека комбето излетало од патот удирајќи во столб за јавно осветлување.
Полицијата наведува дека на десетмината повредени им била укажана лекарска помош во болниците во Славонски Брод и Нова Градишка.
Од полицијата наведуваат дека полициски службеници продолжуваат со работа и вршат увид.