Комарницки до Петков: Светот нема да се урне, а историјата ќе си остане таму каде што била!

Бугарскиот аниматор, илустратор и карикатурист, специјализиран за политичка сатира – Христо Комарницки, кој важи за исклучително влијателна личност во бугарското општество го повика премиерот на оваа земја – Кирил Петков да го подигне ветото со кое се запира европскиот пат на С. Македонија. Тој смета дека ветото е смешно и неопходно е постигнување договор.

„Уште наредниот ден ќе стане и повеќе од јасно дека небото нема да падне, светот нема да се урне, а историјата ќе си остане таму каде што секогаш била. Никој нема да ни ја украде. Целата безумна пропаганда со која себичните луѓе го зрачеа бугарскиот народ со години ќе пропадне за неколку минути. Односите меѓу двете земји и луѓето во нив драстично ќе се подобрат. Притисокот ќе се намали. Групата политички, медиумски и јавни измамници и шарлатани кои заработуваат за живот од овој главно вештачки надуен конфликт одеднаш ќе се почувствуваат непотребни, бескорисни и невработени. И оние во Бугарија и оние во Северна Македонија. Нема да пишувам имиња – добро ги знаете.  Ќе можеме да се фокусираме на вистинските проблеми и предизвици пред нас, наместо секојдневно да се занимаваме со глупости. Три народи ќе Ве паметат по добрината што сте ја сториле“ – напиша Комарницки на ФБ.