Командантот на финската армија: Руско-белоруските воени вежби може да имаат неочекуван пресврт

На отворањето на Националните одбранбени курсеви, генералот Јакола истакна дека вежбите се одржуваат во време на зголемени безбедносни тензии, бидејќи Русија води агресивна војна во Украина и во исто време се обидува да ги дестабилизира западните земји, што е потврдено од неодамнешните упади на руски беспилотни летала во воздушниот простор на Полска и Романија.

Финска будно ги следи руско-белоруските воени вежби „Запад-2025“, изјави генерал Јане Јакола, командант на вооружените сили на Финска, објави финскиот Yle.

На отворањето на Националните одбранбени курсеви, генералот Јакола истакна дека вежбите се одржуваат во време на зголемени безбедносни тензии, бидејќи Русија води агресивна војна во Украина и во исто време се обидува да ги дестабилизира западните земји, што е потврдено од неодамнешните упади на руски беспилотни летала во воздушниот простор на Полска и Романија.

Генералот нагласи дека овие маневарски вежби се значајни за Русија бидејќи јасно ги покажуваат нејзините цели и расположивите ресурси.

„Војната во Украина не е голема стратешка операција. Русија има ресурси и за други цели“, рече Јакола, потсетувајќи дека претходните вежби „Запад“ се одржаа пред четири години и во нив учествуваа и руски и белоруски војници.

„Добро се сеќаваме како вежбите „Запад-21“ послужија како основа за подготовка за војната во Украина – по завршувањето на маневрите, војниците останаа на полигоните за обука“, додаде тој. Тој истакна дека вежбите можат да бидат проследени со „неочекувани пресврти“.

Вежбите „Запад-2025“ започнаа кон крајот на минатата недела, а според податоците на руското Министерство за одбрана, тие се одржуваат од 12 до 16 септември на територијата на Русија и Белорусија, како и во областите на Балтичко и Баренцово Море.

Поради вежбите Полска ја затвори својата граница со Белорусија на 11 септември, одлучувајќи да го преземе овој чекор дури и пред руските беспилотни летала да го нарушат полскиот воздушен простор. Истиот ден и летонскиот Парламент донесе одлука целосно да ги затвори границите со Русија и Белорусија за време на овие воени вежби.