Колумбија испрати војници и тенкови на границата со Венецуела

Колумбија синоќа распореди тенкови и војници за да ја чуваат границата со Венецуела по американската воена интервенција во Каракас.

Колумбија синоќа распореди тенкови и војници за да ја чуваат границата со Венецуела по американската воена интервенција во Каракас.

По наредба на колумбискиот претседател Густаво Петро, воените сили се собраа на клучните премини со Венецуела, стравувајќи од масовни миграции или дека криминалните банди би можеле да го искористат хаосот, пренесе парискиот весник Монд (Le Monde).

Петро ја осуди американската операција, додека американскиот претседател Доналд Трамп му советуваше да „си го чува грбот“, откако рече дека секоја земја што произведува кокаин што се продава во САД „веројатно ќе биде нападната“.

По американската интервенција во Венецуела, колумбиските власти прогласија состојба на тревога поради можни напади на вооружени групи кои дејствуваат од двете страни на границата.

Колумбискиот министер за одбрана Педро Санчес изјави дека трговијата со дрога е заеднички „непријател“ на неговата земја и САД.

Владата во Богота е исто така загрижена поради ризикот од хуманитарна криза, со големи миграциски текови.

Осум милиони Венецуелци побегнаа од земјата од 2014 година, според податоците на ОН, „водени од суровиот режим и хроничната економска криза“, пренесува Монд и додава дека многумина завршиле во соседна Колумбија.