Колони возила, пред граничниот премин ,,Богородица”, утринава чекаат ред да влезат во соседна Грција.
Од АМСМ велат дека на граничните премини Богородица, Дојран, Меџитлија и Табановце има зголемена фреквенција за излез од државата, времето на чекање е околу 30 – 45 минути. Но според фотографиите за влез во Грција се чека многу подолго.
На останатите гранични премини од македонска страна, нема подолги задржувања за влез и излез од државата.