Сообраќајот на државните патишта се одвива непречено, по суви коловози, информираат од АМСМ.
Интензитетот на сообраќај на патните правци надвор од градските средини е зголемен.
Веќе стана традиција за празничен викенд да се зголемат гужвите на граничните премини.
На граничниот премин „Богородица“, зголемениот проток на возила се чуствуваше уште вчера, но и денеска.
Како што може да се види од снимките долги колони од рано наутро веќе се формираат на граничниот премин.
АМСМ препорачува прилагодена брзина на движење, почитување на поставената сообраќајна сигнализација и внимателно управување со возилата, особено на патиштата низ котлините, речните долини и клисурите, каде има можност од појава на одрони.
Ова посебно се однесува за делниците Катланово – Велес, Маврово – Дебар – Струга, Виница – Берово и Кочани – Делчево.