Колона од 16 километри на границата меѓу Русија и Грузија

На сателитски снимки се гледаат огромни колони камиони и автомобили кои чекаат да ја преминат границата од Русија во Грузија на контролниот пункт Ларс, објави „Скај њуз“.

Најавата за делумна мобилизација предизвика протести и егзодус од цела Русија.

На снимките се гледа колона од автомобили и камиони долга 16 километри северно од граничниот премин. Метеж има и на друг премин меѓу Русија и Монголија.