Колку заработил Иванишевиќ од соработката со Ѓоковиќ?
Раскинувањето на соработката меѓу Новак Ѓоковиќ и Горан Иванишевиќ е топ тема кај регионалната спортска јавност.
Ниту една страна не ги откри точните причини за разделбата, освен што Ѓоковиќ изјави дека „достигнале точка на заситеност“.
Ѓоковиќ веројатно пукна по лошиот почеток на сезоната во која се уште нема освоено трофеј, а пред најважните турнири во годината, додека хрватските медиуми пишуваат дека Иванишевиќ од оваа соработка излегол со многу подлабоки џебови отколку што влегол во неа. .
Соработката на ова дуо траеше речиси шест години, во кои Ѓоковиќ освои дури 12 грен слем титули.
Наводно, Ѓоковиќ му плаќал на Иванишевиќ од 6.000 до 10.000 евра неделно, односно легендарниот Хрват добивал 10 отсто премија од заработката на српскиот тенисер на турнирите.
Така Иванишевиќ заработил повеќе од 300.000 евра на тренерската работа кај Ѓоковиќ само во 2023 година.
Ако ја земеме таа бројка како просечна заработка на Иванишевиќ за време на соработката со Новак, ќе дојдеме до заклучок дека Хрватот во последните шест години како тренер на најдобриот тенисер во светот заработил речиси два милиони евра.
Инаку, Иванишевиќ во својата играчка кариера заработи околу 16 милиони евра, а ја заврши во 2011 година.