Колкав промет во март годинава остварија „Алкалоид“, „Комерцијална банка“ и „Макпетрол“?

Акциите на „Алкалоид“, на „Комерцијална банка“ и на „Макпетрол“ се најтргувани во март годинава, покажува билтенот на Македонска берза.

Со акциите на Комерцијална банка е остварен промет 218,4 милиони денари, со акциите на „Алкалоид“ 78,4 милиони денари, а со акциите на „Макпетрол“ 49,7 милиони денари.

Завчера на Берзата се поминати три блок трансакции.

Едната со акции на „Макпетрол“, односно продадени за познат купувач 171 акција по 67.000 денари за акција или вкупно 186 илјади евра, потоа 487 акции на Комерцијална банка по цена од 18.300 денари за акција или вкупно 143 илјади евра, и 633 акции на „Алкалоид“ по цена од 20.500 денари за акција, или вкупна сума од 211 илјади евра.