
Колкава е инфлацијата во Германија?
Инфлацијата во Германија благо се намали, а во ноември е пониска за разлика од претходниот месец. Таа сега изнесува 11,3, а во октомври беше 11,6 отсто.
Претседателката на ЕЦБ, Кристин Лагард, вчера изјави дека инфлацијата може уште повеќе да се искачи.
„Би сакала да го видам врвот на инфлацијата во октомври, но се плашам дека нема да одам толку далеку. Мислам дека има премногу неизвесност – особено во една компонента, а тоа е пренесувањето на високите трошоци за енергија на големо на ниво на мало во малопродажба – за да се претпостави дека инфлацијата всушност го достигнала својот врв. Тоа би ме изненадило“, вели Лагард.
Централните банки ризикуваат да ги доведат економиите на државите во рецесија додека светот се бори со енергетската криза, растот на цените на храната и слабеењето на валутите.