Колите на министрите нема да имаат црвени таблички бидејќи така советувале од АНБ и МВР

Владините возила, односно оние возила коишто ги возат министрите, не се обележани поради безбедносни причини коишто ни се укажувани од страна на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за за внатрешни работи и ќе видиме дали во правилникот ќе бидат тие обележани или не во иднина, вели директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски.

Директорот на Службата за општи и заеднички работи, Ивица Томовски, кој ја турка целата постапка за брендирани таблички на државните коли, вели дека се размислува исклучокот да се примени и на возилата на Управата за јавни приходи и Државниот пазарен инспекторат

На прашањата во интервјуто за „360 степени“ дека на тој начин се амнестираат од потенцијални злоупотреби највисоките функционери, но и дека недостатокот на строги казни ја става под знак прашање целата идеја за воведувањето на табличките, тој одговара дека почнува од мртва точка и дека не очекува сите злоупотреби на службени возила да се решат преку ноќ.

На прашањето зошто не може да се забележат автомобилите на министрите и на државниот со црвено-жолти таблички Томовски со одговор:

„Во овој момент имаме создадено една работна група којашто работи на некои мали измени на правилникот. Таа работна група е составена од Службата за општи и заеднички работи и Министерството за внатрешни работи. Очекувам дека наскоро ќе излеземе со официјалниот правилник како треба да бидат и кои возила треба да бидат брендирани. Точно е така, владините возила, односно оние возила коишто ги возат министрите, не се обележани поради безбедносни причини коишто ни се укажувани од страна на Агенцијата за национална безбедност и Министерството за за внатрешни работи и ќе видиме дали во правилникот ќе бидат тие обележани или не во иднина. Но сепак се работи за 45 возила коишто практично ги знаат сите во државата. Тука исто се размислува возилата коишто се на инспекциите како Пазарен инспекторат, Управата за јавни приходи, оние возила коишто се неопходни да бидат необележани, да бидат изземени, затоа што се случува кога се прави некаква контрола, па да бидат лесно забележани, па да бидат затворани локали и слично, да не можат да бидат контролирани од овие служби“.

Интервјуто може да го прочитате тука