Колби до Стармер: Гледајте на војната во Украина како на проблем на Европа

Гледајте на војната во Украина како проблем на Европа, изјави сојузникот на поранешниот американски претседател Доналд Трамп, Елбриџ Колби, обраќајќи му се на новиот британски лабуристички премиер Кир Стармер.

Пред почетокот на самитот на НАТО во Вашингтон, Колби го повика Лондон да го спроведе пристапот „Велика Британија на прво место“ во областа на одбраната и безбедноста, пишува британски „Телеграф“.

„Сер Кир Стармер мора да прифати дека војната во Украина е европски проблем“, рече високиот сојузник на Трамп, предупредувајќи дека Вашингтон не треба да биде „малтретиран“ за да даде помош.

Ако Трамп освои уште еден мандат, Британија не треба да очекува значителна поддршка од САД за Украина. Европа мора да ја преземе „примарната одговорност“ за војната, предупреди тој, повикувајќи го Лондон да го спроведе пристапот „Британија на прво место“ за одбраната и безбедноста.

Коментарите на Колби, воен стратег кој се очекува да добие врвна безбедносна функција доколку Трамп победи на изборите во ноември, доаѓаат на денот на отворањето на големиот самит на НАТО во Вашингтон, каде што Алијансата ќе ја разгледува поддршката за Украина, забележува „Телеграф“.