Кои се омилените ќебапчилници на Груби?

Министерот за односи меѓу заедниците, Иван Стоилковиќ, обвини дека за време на мандатот на неговиот претходник Артан Груби, биле потрошени преку 20 илјади евра за угостителски услуги во „Пчела“ и „Далма кетеринг“. Стоилковиќ ги откри овие информации во подкаст, оценувајќи ги како „фрапантни злоупотреби“.

Според податоците од Бирото за јавни набавки, Министерството за политички систем во 2023 година доделило тендер на двете компании, објави Телма.

„Пчела Ш.Е.Љ.“ добила 944 илјади денари (околу 15 340 евра), од кои искористила 532 037 денари (околу 8 650 евра).
„Далма кетеринг“ добила 220 илјади денари, но не реализирала средства.

Тендерот бил заклучен на 18 април 2024, само шест дена пред изборите, иако предвиден рок бил 15 март истата година.

На 21 април 2024, три дена пред изборите, Министерството повторно склучило договор со „Пчела Ш.Е.Љ.“ за 1,18 милиони денари. Соработката продолжила и по изборите, иако ДУИ веќе не беше дел од владата.

На 14 јуни 2024, Министерството платило две сметки на „Пчела Ш.Е.Љ.“:

41 660 денари,
16 852 денари.

Овие 58 512 денари (околу 900 евра) биле за 150 порции телешки ќебапи.

Министерот Стоилковиќ потврди дека е во тек ревизија на трошоците од времето на Артан Груби. „Сметките за ќебапи и кафани се само врвот на ледениот брег,“ изјави тој, додавајќи дека извештајот ќе биде разгледан на затворена седница.