Ковид – 381 новозаразен со вирусот, починаа 6 пациенти

Согласно податоците од Институтот за јавно здравје, Министерството за здравство информира дека во последните 24 часа направени се 1.131 тестови, а регистриран е 381 нов случај на Ковид-19.

Од вкупниот број на позитивни (381), регистрирани се 80 реинфекции.

Регистрирани сe 775 оздравени пациенти.

Во текот на изминатите 24 часа пријавени се 2 починати лица од Скопје (58 г) и Охрид (67 г). Лицата се починати во болнички услови. Согласно, Регистарот на умрени лица со дијагноза Ковид-19 од Мој термин регистрирани се 4 починати лица, од Скопје (62 г), Кочани (73 г), Свети Николе (86 г) и Ресен (64 г). Две лица се починати во болнички услови и две лица се починати во домашни услови. Починати се во период од 18.8. до 21.8.2022 година.

Досега во земјата се направени вкупно 2.145.675 тестирања на Ковид-19. Вкупната бројка на ковид-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 338.929, бројот на оздравени пациенти е 326.990, на починати е 9.461, а бројот на активни случаи изнесува 2.478.