Според податоците објавени од МЗ, во последните 24 часа регистрирани се нови 196 случаи на Ковид-19 од направени 2.067 тестови.
Од новите случаи, 105 се во Скопје, 30 во Битола, 13 во Прилеп, 11 во Охрид, седум во Куманово, по четворица во Штип и Виница, по тројца во Велес, Кичево, Струга и Гевгелија…
Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 38 реинфекции.
Регистрирани сe 23 оздравени пациенти од: Кавадарци – 7, Битола – 5, Делчево – 3…
Во текот на изминатите 24 часа, регистрирано е едно починато лице од Битола (81 г), во болнички услови.
Досега во земјата бројот на починати 9.228, а бројот на активни случаи изнесува 1.985.