Ковид пандемијата во Грција не попушта – 29.000 новозаразени
Во соседна Грција денеска се регистрирани 28.933 нови случаи на Ковид-19, што доколку се направи анализа на секојдневните податоци, е највисок број на новозаразени на дневно ниво во изминатите 80 дена.
За разлика од вчерашните 27.490 случаи од 113.940 направени тестови, денеска има речиси четирипати повеќе тестирања, односно новозаразените се од 434.502 тестови.
Во изминатите 24 часа починаа 49 лица, а 351 пациент е приклучен на одделите за интензивна нега во грчките болници.
Од почетокот на пандемијата во земјата се потврдени 2.986.880 случаи на Ковид-19 и починаа вкупно 27.392 лица.