Ковачки по назначувањето за генерален секретар: Продолжуваме обединети во нови победи за ВМРО-ДПМНЕ и Македонија
Новиот генерален секретар на ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, вечерва преку социјалните мрежи упати благодарност за укажаната доверба од страна на претседателот на партијата, Христијан Мицкоски. Ковачки истакна дека новата функција за него претставува огромна одговорност, но и чест да му служи на членството и на државата.

„Дадената доверба е обврска кон идејата, кон членовите на партијата и кон Македонија. Благодарен сум за можноста заедно да продолжиме по патот на сплотеност и посветена работа“, напиша Ковачки.
Тој воедно му се заблагодари и на неговиот претходник, Ѓорѓија Сајкоски, за неговата досегашна несебична посветеност на партиската организација.