Драган Ковачки – пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕденеска на прес конференција пред Владата посочи дека насилството пред Собранието е дело на полициските инсталации на СДСМ и Оливер Спасовски.
„Ова не е дело на народот, ниту на ВМРО-ДПМНЕ, туку на полициските инсталации на власта кои со предизвикување на инциденти и ескалација, сакаат на брзина да им помине предавството. Ова впрочем, вчера и го најави Ковачевски кој јавно го соопшти вчерашното сценарио за насилство. Пионот Ковачевски треба да и одговори на македонската јавност дали позади уфрлените лица за насилство стојат Спасовски и Зечевиќ. Очигледно е дека не ги бива за работа, но затоа за местенки и саботажи се експерти“ порача Ковачки.
Тој смета дека „нема да подлегнеме на провокации и ќе продолжиме со достоинствено, јасно и гласно противење на договорот за бугаризација на македонскиот народ“.
„Бугаризацијата и насилството се нивни, силата на мирниот народ и вистината се наши. Затоа ве повикувам и денес во 19 часот да се собереме пред платото на Владата во рамки на сенародните протести и преку МНР ќе се упатиме пред Собранието на Република Македонија каде масовно, мирно и достоинствено ќе кажеме „Ултиматум- Не благодарам“ – вели Ковачки.