Ковачки: Додека таткото на Дрин Ахмети е на глава на Ислам Абази, ЈО ќе молчи

„Ова е фотографија во домашна атмосфера на која се сликани братот на Али Ахмети и татко на Дрин Ахмети и Ислам Абази, шеф на Јавното обвинителство за организиран криминал и корупција. Имајќи ја во предвид оваа фотографија која е направена во домашна опуштена атмосфера, може да се заклучи поврзаноста и блискоста на Ислам Абази со кланот Ахмети, и сосема е јасно зошто ЈО со денови молчи и не смее да отвори постапка како тоа внукот на Али, Дрин Ахмети, се стекнал со 39% од деловниот центар Соравиа без да плати ниту денар“ рече денеска на прес конференција Драган Ковачки од ВМРО-ДПМНЕ.

Ковачки вели дека „соопштението со кое ЈО ги повикува институциите да отпочнат постапка е смешно и трагично истовремно, а уште е потрагично тоа што обвинителството потенцира дека отвора предмети по допрен глас кога има сериозен сомнеж за криминал“.

„Дрин Ахмети, внук на политичарот Али Ахмети, буквално без да вложи денар, добива 12 милиони евра учество во деловна зграда. Дали тоа е нормална појава и пракса од секојдневниот живот, па за ЈО тоа воопшто не е сомнително? Или пак причината е тоа што братот на Ахмети како што гледаме и на оваа фотографија буквално му седи на глава на обвинителот Ислам Абази? Кланот Ахмети е соголен пред целата македонска јавност. Народот виде дека додека Али е политичар, како неговото семејство се стекна со имот вреден десетици милиони евра“ вели Ковачки.