Ковачки: Ахмети да одговори дали на работната група е разговарано за редефинирање на државата

Граѓаните се гневни затоа што СДС она што им го има ветено, ништо им нема испорачано, ветуваа живот, а донесоа сиромаштија, безпарица и национални понижувања, истакна пратеникот и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Драган Ковачки при денешната теренска активност на ВМРО-ДПМНЕ: Тој додаде дека историски Македонија трпела неправди.

„Во историјата Македонија трпела неправди, делење, грабежи меѓутоа никогаш не била понижена како што тоа е денеска, односно од внатре. Власта и должи објаснување на македонската јавност, дали онаа експертска група т.н составена од 20-тина џабе лебојадачи преговараат односно договараат редефинирање на државата“, кажа Ковачки.

Ковачки истакна дека одговор на тоа прашање не треба да го одговори Ковачевски, затоа што тој не е релевантен.

„Тој не е способен да си ја поднесе самата оставка доколку не ги праша Џафери или Ахмети. Одговор на ова прашање треба да даде пратеникот Али Ахмети“ рече Ковачки.