Андреј Ковачев – бугарскиот европратеник го обвини премиерот Кирил Петков дека е апсолутно неподготвен и дека не ја разбира темата за односите меѓу Бугарија и Македонија, очајно е површен и подготвен е да изврши национално предавство.
Обвинувањата од Ковачев дојдоа по вчерашната изјава на Петков дека „местото на Република Северна Македонија е во ЕУ, колку може побрзо, а бугарската Влада е ангажирана да се постигне таа цел, колку може поекспедитивно“.
„За каква експедитивност од бугарска страна зборува Петков? За какви малцинства зборува тој човек? Какви меморандуми ќе потпишува?Каков напредок има Историската комисија? Министерството за надворешни работи учествува ли во преговорите или е изолирано? Кој воопшто преговара?“ – прашува Ковачев.
За европратеникот, изјавите на Петков се само празни приказни, а, како што вели, „овој човек може да направи огромна штета на нашата татковина за многу долго време„.
„Не треба да го дозволиме тоа предавство“ – додава Ковачев кој обвинува дека „во Скопје станале многу дрски, бидејќи Петков ги уверил дека ќе ги пушти“.