Помината е црвената линија, член на ЕП да не се пушти да влезе во земја кандидат за ЕУ. Тоа доведе до сериозни реакции од ЕК, од комесарот за проширувањето, од претседателот на ЕП, од бугарската влада и од партиите од ЕПП. Овој чекор е огромна грешка на власта во Скопје, на претседателот Стево Пендаровски и на премиерот Димитар Ковачевски, кои очигледно се иницијатори на вакви списоци, за кои мислев дека се само гласини во февруари.
Ова за БТВ го изјави бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.
-Беше огромно разочарување кога дознавме дека овие гласини за листата не се шпекулација. Ќе има заедничка парламентарна комисија меѓу ЕП и Скопје, на кое тоа должи детално и јасно објаснување врз основа на што ја донеле оваа невидена одлука, додаде Ковачев.
Според него, смешни се објаснувањата дека со своето присуство можел да предизвика проблеми во Македонија.
– Пред неколку дена имав разговор со Бујар Османи во Брисел, пријателски разговор. Немаше ни трошка сомнеж или предупредување дека може да има такво нешто. Настанот на којшто сакав да присуствувам, многу добар настан, е општо прославување на нашата заедничка историја во чест на загинатите за независност во Ново Село – бугарските
воени гробишта. Неразбирливо беше објаснувањето на портпаролот на МВР на РСМ на границата дека јас и другите потенцијално би можеле да придонесеме за проблеми во обезбедувањето на овие воени гробишта. Тие објаснувања се смешни. Тие треба да се повлечат и да се извинат. Сега се залажуваат во нивната желба да се натпреваруваат можеби предизборно. Власта и опозицијата се во пеколна конкуренција кој повеќе ќе го заштити идентитетот на РСМ од лошите Бугари. Не слушнав или видов никаков напредок. Се надевам дека до крајот на годината ќе има напредок, но овие преседани создадени од РСМ на европско ниво кажуваат дека многу сили таму навистина не сакаат европска интеграција и сакаат да останат на оската Скопје-Белград-Москва – рече Ковачев.