Андреј Ковачев и Ангел Џамбаски како европратеници се добродојдени во Македонија, но не и како приватни лица. Ова го изјави претседателот Стево Пендаровски на форумот за безбедносна политика, кој се одржа во Скопје. Тој двајцата пратеници ги опишал како бугарски иредентисти.
– Доколку европратениците сакаат да дојдат во Северна Македонија како дел од делегација на ЕП, тие се добредојдени, но во нивно лично својство, без оглед на тоа кои се нивните мотиви, може да им биде забранет влез во земјата, рече Пендаровски.
На дискусијата организирана од белградскиот центар за безбедносна политика на тема „Руска агресија против Украина: нов импулс за проширување на ЕУ“, Пендаровски рече дека на Советот за национална безбедност одржан на почетокот на годината, пред годишнината од смртта на Гоце Делчев, на кој се очекуваше да пристигнат луѓе од Бугарија за да му оддадат почит на Делчев, од безбедносните служби имало информации дека постои можност за провокации и лица кои не треба да се пропуштаат во земјава.
– Имавме целосни информации. На некои луѓе не им беше дозволен влез во државата. Судиме која личност, во која прилика не треба да биде примена, вклучително и некои европратеници. Таквите лица кои покажуваат иредентистички ставови кон нашата земја нема да бидете примени. Не можете да се криете зад вашиот формален статус, порачал Пендаровски, пренесе БТА.
Одбивањето пристап до територијата на Македонија на европратеникот Андреј Ковачев на 6 мај, кога тој патуваше да учествува на одбележувањето на Денот на храброста и бугарската армија на бугарските воени гробишта кај Ново Село, предизвика голем број реакции, не само од Бугарија, туку и во Европа.
– Политиката е уметност на можното. Иднината на Република Македонија е во ЕУ, а тоа вклучува и измени на уставот. Суспензијата на европратениците е тешко да се објасни, рече заменик директорот на Европскиот совет за надворешни односи, Весела Чернева, која исто така учествуваше во дискусијата на Белградскиот форум одржан во Скопје.