Ковачев бара сите македонски граѓани кои ќе добијат бугарски пасоши да се сликаат пред бугарското знаме и грб

„За да добијат државјанство, тие го докажале своето бугарско потекло и потпишале документ во кој наведуваат дека се чувствуваат како етнички Бугари. Треба да се воведе церемонија со фотографија за институционално сеќавање пред знамето и грбот како знак на почит и свеченост, а треба да има и транспарентност преку јавен регистар“, порачал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев.

„За да добијат државјанство, тие го докажале своето бугарско потекло и потпишале документ во кој наведуваат дека се чувствуваат како етнички Бугари. Треба да се воведе церемонија со фотографија за институционално сеќавање пред знамето и грбот како знак на почит и свеченост, а треба да има и транспарентност преку јавен регистар“, порачал бугарскиот европратеник Андреј Ковачев за лицата кои се стекнале со бугарски пасош и државјанство, со што вели дека ги докажале своите бугарски корени.

Во интервју за „24 часа.бг“, европратеникот кој доаѓа од редовите на владејачката ГЕРБ, говорел за Македонија и нашиот европски пат. Според него, за прв пат, Европската комисија дава конкретни години за завршување на преговорите: за Црна Гора 2026, за Албанија 2027, за Молдавија и Украина 2028.

-И јасно признава дека Македонија, Србија и Босна и Херцеговина заостануваат. Ова значи дека Македонија не успева да постигне напредок ниту во реформите ниту во однос на европската интеграција бидејќи Владата беше зафатена со победата на локалните избори. (ВМРО)ДПМНЕ убедливо победи, но ризикувајќи ја европската интеграција на своите граѓани со квазинационалистичка кампања против она што самата држава го прифати во преговарачката рамка – вклучувањето на Бугарите во сите делови од Уставот и спроведувањето на договорот со Бугарија, заедно со протоколите, истакнал Ковачев.

Запрашан дали смета дека македонската политика сега може да се промени или Бугарија повторно ќе биде притисната од Европа да го прифати ставот на Скопјe, европратеникот вели дека е „апсурдно да се верува во такво нешто“.

– Претседателката на Европската комисија Урсула Фон дер Лајен, претседателот на Европскиот совет Антонио Коста и комесарката за проширување Марта Кос постојано повторуваат дека РСМ мора да ги исполни условите што ги прифатила. Видовме позитивни сигнали со потпишувањето на договорот меѓу двете министерства за транспорт во Ѓуешево за изградба на заедничкиот тунел на границата и завршувањето на железничката врска меѓу Скопје и Софија, која е исто така дел од Коридорот број 8 – исклучително важна врска не само за трговија, за туризам, туку и за одбрана, врската меѓу Јадранското и Црното Море, посочил европратеникот.