Премиерот и лидер на СДСМ, Димитар Ковачевски, во интервју за „360 степени“ на МРТ 1, вели дека предмет на анализа е дали СДСМ на претстојните парламентарни избори ќе оди самостојно со своите традиционални партнери или во коалиција и со ДУИ и Алијанса за Албанците.
Тој одговори позитивно на прашањето дали ќе прифати предизборно телевизиско соочување со лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски.
„Сметам дека сите носители на листи и сите кандидати ќе го искористат своето право да ги презентираат своите програми пред гласачите. Така што, сосема е нормално дека јас и претседателот на ВМРО-ДПМНЕ ќе имаме изборно соочување или изборни соочувања на кои ќе можеме да разговараме за нашите ставови и погледи во однос на политичката иднина на Северна Македонија“, вели Ковачевски.