Ковачевски: Уставните измени треба да бидат поддржани од сите политички партии

„Уставните измени се прашања на процедура и штом се обезбеди поддршка од страна на сите, тогаш треба да започне таа процедура во која ќе учествуваат сите политички партии“, рече Ковачевски коментирајќи ги предлозите на партиите од албанскиот блок за замена на формулацијата „јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните“ со албански јазик, како услов за одобрување на уставните измени.

Коментирајќи ги предлозите на партиите од албанскиот блок за замена на формулацијата „јазик што го зборуваат најмалку 20 отсто од граѓаните“ со албански јазик, како услов за одобрување на уставните измени, премиерот Димитар Ковачевски потенцира дека измените треба да бидат поддржани од сите политички партии за да бидат внесени во Уставот.

„Уставните измени се прашања на процедура и штом се обезбеди поддршка од страна на сите, тогаш треба да започне таа процедура во која ќе учествуваат сите политички партии, експерти по уставно право и Министерството за правда и низ една дискусија да се дојде до целта, односно Устав кој ќе соодветствува на најголемото мнозинство кое е застапено во парламентот“,

истакна премиерот Димитар Ковачевски одговарајќи на новинарско прашање на прес-конференцијата на која ги презентираше мерките за поддршка на стопанството и граѓаните.