Премиерот Димитар Ковачевски по средбата со лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски рече дека тој од него барал услови за прифаќање на францускиот предлог кои немаат поврзаност со идентитетот и јазикот.
„Нашиот Устав предвидува граѓани кои се самоопределуваат на друг начин и може да побараат да ги има во Уставот. Тука се Бугарите, Црногорците и Хрватите, а и египќанската заедница е значајна заедница. Тоа е прашање кое треба сите 120 пратеници да го поддржат“ – рече Ковачевски.
Премиерот не очекува дека опозицијата нема да гласа кога за отпочнување на преговорите со ЕУ ќе треба двотретинско мнозинство за отворање на Уставот и внесување на Бугарите во истиот.
„Во моментот кога ќе дојде да се одлучува за вклучување на овие граѓани во преамбулата на Уставот, очекувам дека сите ќе бидат на висината на задачата“ смета тој.
За условите на Мицкоски рече: „Сите тие услови што ги наметнува Мицкоски се однесуваат на работи кои не задираат во чистиот македонски јазик, во идентитетот , ниту во самобитноста од било кој аспект“.