„Од другатата страна гледаме дека ништо не е променето. ВМРО-ДПМНЕ е истата партија од минатото, со истите луѓе. Со нив, не е можна никаква позитивна промена. Напротив, само враќање назад во мрачно минато. Она што се случува во Скопје откако власта ја презеде ВМРО-ДПМНЕ е најголема потврда што се случува кога ДПМНЕ е власт. Ветуваа модерно Скопје a испорачаа запустено Скопје, град полн со ѓубре, со јавни претпријатија потонати во долгови и хаос во јавниот превоз. После Скопје 2014 му приредија уште една катастрофа на главниот град. Е тоа е ДПМНЕ. Ама граѓаните гледаат и паметат,“ рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски на граѓанскиот митинг во Општина Центар во Скопје.
Тој посочи дека, како што ВМРО-ДПМНЕ ја шетале нивната кандидатка за локалните избори низ Скопје така денеска ја шетаат и кандидатката за претседател. И дека тоа нема никаква разлика.
„Ако Данела е примерот за добар кадар на ВМРО, замислете што ќе биде ако Гордана е претседателка на државата. Не смееме да дозволиме да направат уште една грешка со која ќе изгубиме сите,“ рече Ковачевски.
Тој посочи дека со ДПМНЕ единствено е можно само враќање назад во изолација и во темно минато, многу далеку од Европа. Според Ковачевски така земјата нема да се помрдне ни милиметар кон Европа, а за неуспехот ќе ги обвинуваат сите, и на крај и ЕУ.