Ковачевски: Сите барања на ВМРО-ДПМНЕ се исполнети!

„Сите предлози кои што ги имаше ВМРО – ДПМНЕ се прифатени, дури и делот кој што го имаа во однос на партијата ДУИ, прифатен од страна на ДУИ со нивно соопштение. Сите барања кои што ги имаше најголемата опозициска партија се исполнети“.

Ова меѓудругото го изјави премиерот Димитар Ковачевски во гостувањето во „360 степени“.

„Прво најголема разлика беше, која што веќе не постои, обвинувањето и реториката на ВМРО – ДПМНЕ дека се прави бугаризација, асимилација, дека се нарушува идентитет и т.н на македонскиот народ со внесувањето на деловите од бугарскиот народ во Преамбулата на нашиот Устав. Цела година, од почетокот на усвојувањето на Францускиот предлог, беше таа реторика. За да, после лидерската средба сите се уверат дека тоа веќе е променет став кој што е јавно искажан и уште еднаш на телевизиско интервју на претседателот на ВМРО – ДПМНЕ, со што веќе не постои според ВМРО – ДПМНЕ, а никогаш не ни постоела таа опасност. Ние имаме јасно заштитен македонски идентитет, јазик и култура во преговарачката рамка, потврден и преку договорот Фронтекс што е потпишан на чист македонски јазик. Кажав и на прес конференцијата дека голема, можеби и најголемата европска држава, во наредниот период ќе донесе резолуција со која го потврдува македонскиот јазик, култура, идентитет како дел од идентитетот на ЕУ“ – истакна Ковачевски.

Тој додаде дека стапување во сила на уставните измени е регулирано во преговарачката рамка.

„И преговарачката рамка е на македонски јазик јавно е тоа, преговарачката рамка го заштитува македонскиот идентитет, преговарачката рамка јасно наведува дека процесот на преговори започнува на 19 јуни минатата година што јавно..можеа да го видат сите наши граѓани кога претседавачот со состанокот чешкиот министер и .. преговорите на Северна Македонија со ЕУ започнати и стои услов кој што вели дека без дополнително одлука ќе биде одржана втора меѓувладина седница откако Северна Македонија ќе заврши скрининг и ќе ги направи потребните уставни амандмани за вклучување на други делови народи во преамбулата на Уставот. Тој пакет од документи, тоа е донесен од страна на 27 земји членки на ЕУ, доставена до Северна Македонија од страна на француското претседателство и сите земји членки и нивните претставници јасно кажаа на прес конференции и во Брисел и во други градови и во Скопје исклучиво, дека не постои никаков друг услов кој што може да произлезе од преговарачката рамка. Билатералните прашања со Бугарија се дел од билатералните односи и динамика на односите кои што ги имаме со Бугарија, со тоа постојат комисии кои што работат со членови со .. да одлучуваат за заклучоците кои што се имплементираат реципрочно на она што е дел од преговарачкиот процес и преговори со Брисел, преговори со Софија“ – потенцира Ковачевски.

Ковачевски смета дека добрососедските односи се основа на функционирањето на ЕУ.

„Тоа нас ни е повеќе од јасно, значи држави кои што во југот на Европа се, вие .. што се случувало во втората особено во ПСВ, меѓу Франција и Германија тие сето тоа го поминаа, денес се лидери земји во ЕУ, а ЕУ е една од лидерите во економска организација и политичка во светот. Што се случи после Договорот од Преспа, држава со која што имавме спор, денес Грција е најголем поддржувач на европските интеграции на СМ, затоа сметам дека добрососедските односи се основна на интеграција во ЕУ, и тука не мислам само на еден сосед, тука мислам на сите соседски држави со кои што ние во моментов немаме никакви провокации, имаме односи кои што навистина се градат на основа на мислење“ – рече Ковачевски.