Ковачевски се слушна со Макрон, заеднички заклучок е: Нема време за губење!

Македонскиот премиерот Димитар Ковачевски денеска телефонски разговарал со францускиот претседател – Емануел Макрон за меѓудругото да му ја честита изборната победата. Двајцата функционери зборувале и за европската интеграција на земјава. Заедничкиот заклучок е дека нема време за губење.

„Претседателот на Владата Ковачевски го нагласи интензивниот политички дијалог во последните неколку години и ангажманот на претседателот Макрон и Република Франција во однос на процесот на проширување на ЕУ и интеграцијата на Северна Македонија. Нема време за губење, се согласија премиерот Ковачевски и претседателот Макрон и потенцираа дека натамошното одложување може да има сериозни регионални последици и широко ја отвора вратата за зголемено влијание на трети страни во регионот што прашањето за проширување на ЕУ со Западен Балкан го прави сериозно безбедносно прашање“ – се вели во соопштението од македонската Влада.

Ковачевски и Макрон зборувале и за билатералните односи на С. Македонија и Франција, а споделиле и дека традиционалното пријателство помеѓу двете држави се збогатува и со интензивирање на економската соработка.