Премиерот Димитар Ковачевски синоќа остварил телефонски разговор со државниот секретар на САД – Ентони Блинкен.
Ковачевски ја изразил благодарноста на народот и на Владата за поддршката на САД од независноста до денеска, која што е проследена и со одлични билатерални односи.
Македонкиот премиер рекол дека е од суштинско значење, кое е крунисано со поддршката на Вашингтон за нашето членство на НАТО. Членството во алијансата.
Премиерот повторно ја осудил руската агресија во Украина како неиспровоцирана и како грубо кршење на меѓународното право, ја реафирмира цврстата поддршка за суверенитетот и територијалниот интегритет на Украина во нејзините меѓународно признати граници и ја поздравија брзата, обединета и решителна реакција на меѓународната заедница.
За време на разговорот меѓу Ковачевски и Блинкен, двајцата изразиле задоволство од усогласеноста и ефикасната координација на НАТО и ЕУ во санкционирањето на Русија, како и во организирањето на ефикасна поддршка за Украина кон која се приклучи и Северна Македонија, соопштуваат од владиниот кабинет.
Блинкен од своја страна во разговорот со премиерот Ковачевски потврдил дека САД се фокусирани на поддршката за проширувањето на ЕУ со Западен Балкан.
Со силната поддршка на САД за почеток на пристапните преговори за Северна Македонија Блинкен ја поздравил новата динамика на дијалогот со Бугарија и изрази надеж дека следува решение за прашањата меѓу двете земjи за време на француското претседателство со ЕУ.