„Доколку ги погледнете предложените носители меѓутоа и другите кандидати ќе видите дека меѓу нив се наоаѓаат луѓе кои што многу успешно се справија со Ковид пандемијата. Луѓе кои многу успешно се справија со економската и енергетската криза. Луѓе кои многу успешно се справија со одржувањето на стандардот на граѓаните во услови на голема инфлација. Тука зборуваме за покачување на пензии, покачување на плати. Луѓе кои што работеа на зголемување на инвестициите во државата, на намалувањето на невработеноста. И навистина се работи за една листа која што ја респектирам, која беше донесена на најдемократски начин во СДСМ,“рече претседателот на СДСМ, Димитар Ковачевски во интервју за Македонската телевизија, во однос на критериумите за правење на листите за пратеници.
Тој посочи дека одлуките и на ЦО и на ИО биле едногласни, како и со 99,98% гласови од присутните делегати на конгресот. Како и дека на листите се наоаѓаат и претседатели на други партии – коалициони партнери.
„Сметам дека ова е една исклучително квалитетна листа, која ќе обезбеди прво доверба од граѓаните а потоа ќе ги застапува граѓаните во парламентот со цел обезбедување на европска иднина на државата, односно гласање на Влада која што ќе го продолжи и доврши процесот на интегрирање на државата во ЕУ, како врвна стратешка цел која стои пред нас,“ рече Ковачевски.
Во однос на наводното незадоволство на некои членови на партијата Ковачевски посочи дека такво нешто нема.
„Споменавте двајца мои сопартијци и Дарко Каевски и Стефан Богоев. Стефан Богоев беше дел од работното претседателство кој јас го имав предложено за поптретседател. Дарко Каевски е портпарол на партија којшто јас го имам предложено за портпарол на партијата. Не постои никакво незадоволство, секој еден има свои причини зошто нема да биде некогаш на некоја листа, дел се професионални, од аспект на политичка перцепција, “ рече Ковачевски.