Актуелниот претседател Стево Пендаровски се очекува да биде промовиран официјално за претседателски кандидат на СДСМ на Конгресот на партијата закажан во недела, но откако одлуката за тоа ќе помине низ партиските тела – Извршниот и Централниот одбор, вели претседателот на СДСМ и поранешен премиер Димитар Ковачевски.
Тој во гостувањето во Дневникот на телевизија „Сител“ појаснува дека изборот е направен откако за кандидатурата за претседател е спроведена статутарна постапка, како и по направените анкети и сондажи во партијата врз основа на кои од раководството е префериран Пендаровски за кандидат.