
Гласот треба да се даде за народот, а не за кариерата на политичарите. Сите пратеници како што вели Ковачевски, треба да гласаат за народот.
Ќе ги предложам сите потребни одлуки Македонија да го продолжи својот пат во остварување на втората стратешка цел а тоа членство во ЕУ, се надевам дека сите политички партии во државата, сите претставници на народот, сите пратеници ќе ја препознаат важноста на оваа одлука и својот глас ќе го дадат за народот, а не за лична кариера на било кој политичар во државата, изјави Ковачевски.
Тој повика на сплотеност со цел посигурна иднина за сите.