Ставањето на струшкиот градоначалник рамиз Мерко на црната листа на САД е потврда дека на правосудството му е потребен генерален ремонт, порача денеска премиерот Димитар Ковачевски.
Тој смета дека истражните и правосудните органи треба да ги испитаат наводите од Стејт департментот за Мерко и порача правосудните органи да се запрашаат како САД кои се на неколку илјади километри од нас дошче до такви наоди, а нашето правосудство не дошло да такви податоци.
Ковачевски рече дека внимателно го прочитал соопштението на Стејт департментот и дека од тоа извлекол неколку клучни пораки.
„САД се наш стратешки партнер од првиот ден на нашата независност и помагале, помагаат и ќе помагаат во делот на владеењењто на правото и борба против корупција. Наводите кои се наведени како основ за ставање на црна листа на градоначалникот на Струга и неговото семејство се сериозни и од тоа пораката е дека истражните и правосудните органи треба да ги испитаат наводите и треба да се запрашаат какао САД кои се наоѓаат на неколку илјади километри од тука дошле до такви информации, а нашите органи не дошле до такви податоци во изминативе години. Тоа е потврда дека на правосудниот ситем му е потребен генерален ремонт“ – рече Ковачевски.
„За правните и за етичките аспекти за мандатот на градоначалникот на Струга ќе треба да одговори Мерко оти тој е избран на непосредни избори, а советничките групи ќе треба добро да размислат како ќе продолжат понатаму. Тој бил градоначалник во повеќе мандати и сите партии соработувале со него. Да седнат и да размислат како ќе продолжат понатаму“ дециден беше премиерот.