Ковачевски по средбата: Никој нема право да ја кочи иднината заради партиски интереси!

Премиерот Димитар Ковачевски по денешната лидерска средба за уставните измени со повеќето партиски лидери порача дека очекува сите да бидат на ниво во нареднот период и да дадат свој придонес за решавање на проблемите.

„Никој нема право да ја кочи иднината на државата заради партиски интереси. Никој нема право да блокира процеси кои се приоритет и развој. Очекувам сите да сме на ниво на задачата, да дадеме се од себе и максимално да дадеме свој придонес. Ние треба да обезбедиме за граѓаните европска и побогата иднина“, рече Ковачевски.