Ковачевски: Постигнавме историски најниска стапка на невработеност

„И во услови на двегодишна економска криза, невработеноста постојано паѓа, а последните податоци покажуваат дека таа е на историски најниски 15,2 отсто“. Ова на својот Фејсбук-профил денеска го објави премиерот Димитар Ковачевски.

„Ова е резултат на добрите економски политики на Владата, продолжуваме понатаму со посветена работа и фокус на економијата“ напиша премиерот Ковачевски.