Премиерот Димитар Ковачевски рече дека жените можат повеќе и подобро да ја вршат својата функција во политиката и дека не треба да се омаловажуваат нивните спососбности, реплицирајќи му на пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ, Драган Ковачки, кој рече дека премиерот се сокрил под сукњата на министерката Петровска.
Тој ги наведе министерките во оваа Влада и ги пофали за нивната работа.
„На сите нив сум горд без разлика дали на работа ќе дојдат во фармерка или во друга гардероба. Навистина не треба да се користат сексизми и омаловажувања на жената со оглед дека тие можат поквалитетно од мажите да обавуваат каква било функција и тоа овие министерки го потврдија.Лично сметам дека треба да ѝ се извините на министерката, но тоа е ваша одлука и работа на домашно воспитување и образование“ му одговори Ковачевски на Ковачки.