Ковачевски, Петков, Вучиќ и Мицотакис на стартот на изградбата на гасоводот во Александрополи
Македонскиот премиер Димитар Ковачевски денеска ќе присуствува на свечената церемонија по повод започнување на реализацијата на изградбата на терминалот за течен природен гас (ЛНГ) во Александруполи.
На свечената церемонија обраќања ќе имаат и премиерите на Грција, Кирјакос Мицотакис, на Бугарија, Кирил Петков, претседателот на Република Србија, Александар Вучиќ, како и претседателот на Европскиот совет, Шарл Мишел.
Во владината делегација од земјава во Грција ќе бидат и вицепремиерот за економски прашања, координација со економските ресори и инвестиции, Фатмир Битиќи, како и министерот за економија Крешник Бектеши.