Ковачевски: Од јануари се очекува поскапување на струјата, рестрикциите не се опција во зимскиот период

Во јануари, според генералниот директор на ЕСМ Васко Ковачевски, се очекува ново поскапување на струјата.

– Веќе е сигурно дека ќе има поскапување, но јас секогаш протежирам тоа да биде благо поскапување, изјави Ковачевски за дневникот на телевизија 24.

Во однос на престојната зима, Ковачевски повтори дека струја ќе има и дека рестрикциите не се опција.

– Сите најави и показатели за наредните месеци покажуваат дека пред нас престои една од најтешките зими во последните 70 години. Мораме да бидеме максимално подготвени, рече Ковачевски, уверувајќи дека ЕСМ ги има ставено во функција сите расположливи капацитети и дека нема да се увезува електрична енергија.