Ковачевски од Тирана: Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината!

„Договорите кои денес ги потпишуваме се влог во иднината, зајакнување на економската соработка и односите меѓу народите на Балканот.

Компаниите и граѓаните на земјите од регионот добиваат олеснети услови за движење, работа и трговија по примерот на европските земји.

Верувам дека оваа иницијатива ќе се проширува, зацврстува и ќе придонесе кон економски стабилен и развиен Балкан.

На денешниот Самит на иницијативата „Отворен Балкан“ се потпишуваат повеќе мултилатерални и билатерални договори:
✔️ Договор за условите за слободен пристап до пазарот на трудот на Западен Балкан.
✔️ Договор за интерконекција за електронска идентификација на граѓаните.
✔️ Договор за соработка во областа на ветеринарството, безбедноста на храна и фитосанитарната политика.
✔️ Договори за признавање на одобренијата за Овластен економски оператор за безбедност и сигурност“ напиша на Фејсбук лидерот на СДСМ – Димитар Ковачевски.